Многу малку луѓе ги имаат овие линии на палмите и исклучително се среќни | Видео

1831

Објавено July 8, 2013. Прочитано 151072

Луѓето кои ја имаат оваа линија на дланката под заштита се на своите ангели чувари. Таа може да биде подолга или пократка, а тоа на која дланка се наоѓа, открива дали заштитата е доделена по раѓање или подоцна.

Сите луѓе ја немаат линијата на ангелот чувар – линија на дланката, која е паралелна со линијата на животот. Мал е бројот на среќните кои ја имаат таа небесна заштита.

Таа покажува дека тие се под заштита на своите ангели чувари и ги следи неверојатна среќа во животот, иако тие понекогаш не се свесни за тоа. Имаат добро здравје, материјално се обезбедени и полесно од другите преминуваат преку пречките со кои се соочуваат во секојдневниот живот. Наводно токму луѓето кои ја имаат таа линија на дланката преживеале некои ужасни катастрофи и несреќи.

Може да биде долга или кратка, и на десната или левата дланка

Долга линија

Покажува дека човекот ќе биде под заштита на ангелот цел живот.

Кратка линија

Покажува дека во животот ќе има проблем и неволји, но тоа ќе биде успешно решено.

На десната дланка

Ангелот чувар е добиен во некој период од животот благодарение на заслугите, можеби со добри дела или лично страдање.

На левата дланка

Ова е показател дека некој го добил својот ангел чувар во моментот кога тој е роден, не подоцна како оние на кои линијата им е на десната рака. Ангелот е доделен по раѓање благодарение на предците, пишува 24Healthy & Beauty.

Бонус видео: