Ѝ рекле дека е “најгрдата жена во светот” и да се убие, а ова е нејзиниот одговор кој на сите им ја затвори устата! (ВИДЕО) 

1631

Објавено April 17, 2016. Прочитано 34173

Лизи Веласкез, кога имала 17 години пронашла снимка на која ја опишале како “најгрдата жена на светот”. Шокираната Лиза не можела да верува што гледа. Сега на сите злобници им го возвраќа ударот.

“Имаше секакви коментари. Ме нарекуваа чудовиште и се прашуваа зошто мајка ми не ме абортирала. Како да им се прости на луѓето кои ме советуваа да се убијам”, се прашува Лизи која своите денови ги троши на плачење, мислејќи дека на нејзиниот живот му дошол крајот.

Таа сега има 26 години и на најдобар начин им го возврати ударот на злобниците со снимање документарен филм за неа. Во него е раскажана целата приказна за нејзината борба со состојбата заради која не можела да добие на тежина. Во него е опишан патот на злоставување на интернет до жена која се бори против насилничкото однесување.

Таа е родена со Марфановиот синдром и липодистрофија, кои оневозможуваат мастите рамномерно да се распоредуваат во нејзиното тело. Таа тежи само 26 килограми.

„Сѐ што знаев е дека го имам тој синдром, што значеше дека не можев да се здебелам. Кога бев помала мислев дека сите изгледаат како мене“ рече Лизи и додаде дека таа била малтретирана на училиште заради нејзиниот изглед.

Продолжува на страна 2