Разведен маж искрено | Љубовниците се добри додека не ја изгубите сопругата – Тогаш стануваат ирелевантни

1270

Имав совршен брак, прекрасна сопруга и две прекрасни деца. Сето тоа го фрлив низ вода поради десет години помлада жена.

Кога се оженив со сопругата, јас бев најсреќниот човек на светот. Таа беше многу убава и привлечна жена, но пред се беше прекрасна личност. Таа беше многу весела и имаше многу добра смисла за хумор. Бевме совршен пар. Потоа некако сето тоа се смени. Со доаѓањето на децата, сè се смени.

Тоа беше бавна промена, но кога ќе погледнеш наназад, тоа беа големи промени кои тогаш не сум ги забележувал. Мојата сопруга е прекрасна и посветена мајка, но сè што имаше им даваше на нашите деца. Целото внимание го насочи кон децата и со текот на времето почнавме да се оддалечуваме. Животот со две деца стана многу тежок и исцрпувачки.

Дури и во оние ретки моменти кога бевме сами, сопругата не ми обрнуваше многу внимание. Не можевме да зборуваме за викенд само за нас двајца затоа што таа никогаш не сакаше да ги остави децата ниту еден ден без неа. Во тој период на работа со мене работеше една девојка десет години помлада од мене.

Дотогаш дури и не и обрнував внимание и никогаш не ми падна на памет да ја напуштам сопругата. Се надевав дека оваа ситуација помеѓу мене и неа е само минлива работа и дека ќе се поврземе подоцна кога децата ќе пораснат. Но таа девојка беше неверојатно симпатична и искрена.

Никогаш не се обидов да ја заведам, но некако спонтано се поврзавме. Прво станавме пријатели, а наскоро се заљбивме. Брзо започнавме да се гледаме и воспоставив многу силна емотивна врска со неа по која копнеев. Со неа ги направив сите оние работи што не ги направив со сопругата. Вечерите ги поминувавме дискутирајќи на разни теми.

Конечно повторно ја почувствував поврзаноста со некој која ми беше потребна. Наскоро ја напуштив сопругата поради таа девојка со која сакав да изградам сосема нова врска. За жал, нашата врска не траеше долго. Нашата врска почна да се менува и не знаев како да ја поправам.

Поминав време обидувајќи се да ја разберам и смирам, но ништо не помогна и раскинавме многу брзо. Тогаш сфатив колку грешка направив оставајќи ја сопругата. Поради моменталното незадоволство и желбата за малку внимание, оставив прекрасна жена која направи се за да ги воспитува нашите деца додека бев на работа.

Дури сега сфатив дека таа беше љубовта на мојот живот и дека мојата љубов кон неа никогаш нема да исчезне. Со љубовницете може да ви биде добро некое време, но само кога ќе ја изгубите сопругата, сфаќате колку се навистина неважни.

Ќе сфатете дека никој не може да ја замени жената која ги родила вашите прекрасни деца и која се жртвувала на тие деца да не им недостасува ниту најмало внимание, иако сакала вас да ве ослободи од истото внимание.

Сега би дал сè за да можам да го вратам времето и да ја разберам сопругата, да и дадам поддршка и да ги воспитуваме нашите деца заедно.