Психички број 7
Личностите родени на 7-ми, 16-ти или 25-ти во месецот имаат карактеристичен карактер. Со нив владее Нептун и обично се многу духовни. Многу размислуваат, анализираат и преиспитуваат, а нивните главни карактерни црти се сочувството и самопожртвуваноста.
Психички број 8
Луѓето со психички број осум се управувани од Сатурн. Сите родени на 8, 17 или 26 во месецот се секогаш весели и насмеани. Проблемите ги доживуваат како предизвици и ништо не може да ги поколеба. Луѓето со психички број осум се заинтересирани за мистичната наука.
Психички број 9
Со бројот 9 владее Марс. Родените на 9-ти, 18-ти или 27-ми имаат голема волја и за нив ништо не е невозможно. Тие се одлични мотиватори, а нивниот повик во животот е да им помагаат на другите луѓе и да им го покажат вистинскиот пат.