Придобивки од користењето ароматични стапчиња

1011

Тие имаат маѓепсувачка арома и ако посетувате јога или релаксирачки масажи и терапии, сигурно до сега сте уживале во нив.

Ароматичните стапчиња, кои можат да се купат од индиските продавници и оние за декорација на домот, прават сè околу нас да се чини попријатно.

Видете кои се петте придобивки од нивната употреба.

Подобрете го мирисот на домот

Дали верувате или не, секој дом или канцеларија има своја специфична миризба. Секој сака да има пријатен и свеж мирис крај себе. Ароматичните стапчиња се погодни токму за подобрување на воздухот во домот, за елиминирање на лошите мириси. Најдобар начин да го контролирате мирисот во домот е токму преку ароматични стапчиња.

По долг работен ден, пред или по деловна средба, ни треба нешто да ги балансира емоциите. Повеќе хармонија и спокојство може да постигнете со користење на билни стапчиња. Постојат многу различни мириси кои делуваат релаксирачки. Затоа секогаш имајте при рака ароматични штипки. Само во рок од неколку минути ќе се чувствувате многу подобро.

Ублажување на главоболката

Мирисите крај нас имаат способност да го стимулираат мозокот и да помагаат во синтезата на основни хемикалии, како серотонин и допамин, кои предизвикуваат чувство на среќа и спокојство. Мирисите може да помогнат и за ублажување на главоболка и подобрување на целокупниот став.

Ја зголемуваат сексуалната желба

Веројатно не знаете, но во некои парфеми се додаваат феромони, кои го привлекуваат спротивниот пол и ја стимулираат желбата за љубов. Има многу такви ароматични стапчиња кои може да ги запалите во нејзината/неговата спална соба.

Нивните мириси ќе ве опуштат, ќе ја подобрат довербата помеѓу вас и партнерот, ќе го стимулираат сексуалниот апетит. Нека миризливите стапчиња бидат вашата мала тајна за повеќе хармонија и љубов во врската.

Ја зголемуваат концентрацијата

Без разлика дали се подготвувате за испит, важен состанок или работа која бара високо ниво на концентрација, има денови во кои како не можеме да се фокусираме на своите задачи.

Со векови монасите во источните култури уживаат ароматични стапчиња за да стимулираат јасно размислување, да ја зголемат концентрацијата за време на медитација.

Исто така миризливите стапчиња помагаат за зголемување на креативноста и мотивацијата. Затоа секогаш имајте од нив во домот или канцеларијата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.