Преку Црна Гора до дома …

1059

Македонија загуби од Црна Гора со 24-28 и со вториот пораз практично го заврши настапот на ЕУРО 2022, дуелот со Данска во понеделник нема никакво резултатско значење.

Повторно многу грешевме, тоа што требаше да го сведеме на минимум, го повторивме од мечот со Словенија, блескаа голманите Никола Митревски и Мартин Томовски кои заедно искомбинираа 16 одбрани.

Црна Гора во ниту еден момент не беше во „минус“ на оваа средба, ние израмнивме еднаш, на стартот од вториот дел кога стигнавме до 17-17, но потоа пропаднавме …

Митревски мечот го заврши со 10 одбрани, Томовски запиша 6, а најефикасен во нашиот тим беше Мартин Велковски со 6 гола од седум обиди.

Следно за Македонија е Данска во понеделник, натпревар без резултатско значење за нашиот национален тим.