Правилна подготовка за на училиште

1803

Првачиња

Психолозите тврдат дека децата кои умеат да измислуваат сопствени игри, да ги следат децата со кои си играат, да ја употребат фантазијата и да ги одложат своите потреби се подготвени за на училиште.

Но доколку вашето дете е запишано во прво одделение, а тоа значи дека ја минало проценката на психологот, сега на вас е дополнително да го подготвите.

Психолозите советуваат да му раскажувате како ќе му биде на училиште, да го поттикнувате и да го фалите дека сте сигурни дека сите обврски ќе ги извршува како што треба.

Одведете го да го види училиштето, а се препорачува и барем една недела пред почеток на училиштето заедно да купите опрема, облека и се што му е потребно.

Најважно е детето да ви зборува за тоа што му се случило во текот на денот за да можете да го следите што прави на училиште.

Мошне е важно на детето да му обезбедите простор за учење, кој ќе биде само негов. Најдобро е да има своја соба, а доколку нема потребно му е катче, каде никој нема да го вознемирува.

Немојте од училиштето да правите „баук“, особено не од првото одделение, бидејќи тоа се уште е многу повеќе игра, отколку учење.

Во домот дозволете му да сецка, да си игра со прстите, да ваја, да црта…бидејќи така најдобро ќе ја развие графо-моториката.

Вистинската подготовка за училиштето подразбира разбирање на непосредната околина, развивање на чувството за одговорност, поддршка на возрасните и богато развиена фантазија и игра.

Тргнувањето на училиште претставува една од најголемите промени во животот на детето и потребно е да се потрудите да мине што е можно полесно.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg