ПОРТАЛ ВО ДРУГА ДИМЕНЗИЈА, ВОНЗЕМЈАНИ ИЛИ НЕШТО ТРЕТО ? Фото/Видео

1537

Се претпоставува дека спиралниот објект има врска со лансирањето на сателитот Space X.

Мистериозна формација во форма на спирала е забележана на ноќното небо над Хаваите.

Појавата која е забележана на почетокот на месецот предизвика голема љубопитност кај набљудувачите.

Спектаклот првично бил забележан од опсерваторијата Mauna Kea на 18 јануари и изгледал како ѕвезда пред да добие поинаков облик.

Се зголемил во голема грутка, а потоа се претворил во спирала околу една точка, покажува сликата од камерата.

Вителот на ноќното небо, сепак, не е НЛО или вселенски брод – туку наводно дело на милијардерот Илон Маск, пишува New York Post.

Се смета дека реткиот светлосен феномен е поврзан со лансирањето на сателитот Space X на Маск.