Помнењето може да влијае на апетитот

736

Британски научници од Универзитетот Бристол утврдиле дека потсетувањето на голем оброк може да го зголеми чувството на заситеност.

Според податоците собрани од 100 испитаници, неточните спомени можат да го зголемат апетитот.

Оваа појава би можела да се употреби за манипулација со апетитот кај лицата кои се обидуваат да го ограничат внесувањето на храна.

Се покажало и дека свртувањето внимание на испитаниците за време на оброзите резултира со зголемување на количеството конзумирана храна.

Во претходно спроведено истражување било утврдено дека потсетувањето на испитаниците на претходниот оброк доведува до намалување на количеството конзумирана храна во следниот оброк.