Плачењето е знак на здраво срце, а луѓето кои често плачат имаат посебен карактер

347

Луѓето чувствата на различни начини ги чувстваат, но, исто така, и ги изразуваат. Со плачењето генерално се поврзува длабокото чувство на тага. Според психолозите плачењето е добро и здраво, а луѓето кои многу плачат се посебни. Следниот пат кога ќе бидете на работ на солзите, сетате се на овие неколку работи во врска со плачењето.

Со плачењето го намалувате стресот – ако сте личност која лесно ги покажува емоциите пред други луѓе, тогаш полесно ќе се справите со тешките животни ситуации. Откако ќе го “исплачете своето”, ќе почувствувате олеснување и ќе бидете во состојба појасно да ја согледате ситуацијата која ви ги испровоцира солзите.

Покажувате дека не се плашите од сопствените чувства – плачењето е, исто така, знак дека не се плашите од она што го чувствувате. Плачењето е знак дека ја прифаќате својата ранливост и чувствителност. Тоа е знак дека сте силна личност и дека работите ги нарекувате со вистински имиња. Плачењето е, исто така, знак на здраво срце и мозок.

Related image

Покажувате колку сте храбри – луѓе кои ги покажуваат своите емоции се храбри и автентични. Поважно им е да ја живеат својата вистина, отколку да се грижат што другите ќе зборуваат за нив. Исто така, знаат дека и другите би сакале почесто да ги покажуваат своите вистински чувства (дури и низ солзи), но не се осмелуваат, бидејќи треба да ја сочуваат сликата за себе која ја создале.

За што служат солзите?

Плачењето помага да се воспостави рамнотежа – кога ќе ги прифатите своите чувства, а плачењето е дел од процесот на прифаќањето, полесно ќе се ослободите од чувствата кои ве притискаат.