Писмото на еден татко до ќерката со Даунов синдром по повод нејзината венчавка

3755

Но, не можевме да ги натераме другите деца да те сакаат. Да те прифатат, да се дружат со тебе и да бидат до тебе во социјалната арена. Мислевме: каков е тоа детски живот кој никогаш не преспива кај своите пријатели или не оди на роденденски прослави? Тогаш бев загрижен за тебе. Плачев во себе, кога една ноќ, кога имаше 12 години дојде кај нас и рече: “Немам пријатели”.

Дали се сеќаваш на сите работи кои ги кажале за тебе дека никогаш нема да можеш да ги направиш?

Ние сакавме сѐ еднакво за тебе како и за другите деца. Здравјето, задоволството и способноста за учествување и уживање во светот не се секогаш нешто само за типичните деца. За да се посакаат овие нешта, е право на секое дете кое го добило тоа со самото раѓање. Но, јас бев загрижен за тебе, Jillian. Но, не сум требал. Ти си природен талент кога станува збор за запознавање на нови луѓе. Во твоето основно училиште те нарекуваа “градоначалничка”, бидејќи едноставно беше добра со сите. Во средно училиште танцуваше во училишната група. Четири години си била на факултет, и со сите кои ги си сретнала и со кои си се запознала, си оставила добар впечаток.
Се сеќаваш ли на сите работи за кои кажале дека никогаш нема да можеш да ги направиш, Jillian? Не си требала да научиш ролерки или да се занимаваш со спорт. Не си требала да одиш на факултет. Не си требала ниту да се мажиш. А погледни се сега!
Паул напишал книга за својата ќерка, “An Uncomplicated Life” во која раскажува за нејзиното растење.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.