Пет смртоносно опасни дефекти на автомобилите

171

Секој нов ден носи сè поголем развој во автомобилската инфустрија, а со тоа се усовршува и технологијата која ја зголемува безбедноста во возилата.

Во најголем дел од случаите, сепак, тоа се новите електронски асистенти, но автомобилите, како и порано продолжуваат да сметаат на механика.

Затоа треба да знаете некои важни работи за автомобилите и за моторите кои треба да се проверуваат регуларно, а доколку се утврди некаков дефекте да се реагира веднаш.

Сопирачки

И како современите „двостепени“ сопирачки системи, ефективноста на сопирање при само еден функционален канал се намалува значително и сопирачкиот пат се продолжува. Дефектот на сопирачките може да биде поради истекнување на течноста, поради проблеми во сопирачкиот цилиндар, потрошени перничиња, оштетен вакуум подобрувач, потрошени дискови. Затоа сите овие делови треба редовно да се проверуваат.

Шасија

Суспензијата исто така е еден од опасните јазли во автомобилот, кој ако не е рутински дијагностициран може да резултира со фатални последици. Уништена шарка, скршен носач и слична штета може да води до несреќа, која може да биде избегната со навремено поправање.

Гуми

Пукање на гума при висока брзина е уште една од опасите ситуации во автомобилот и дефект кој може да донесе до несакани последици. Многу често тоа се должи на преден удар во дупка, кој често води до кинење на платното во гумата односно појава на таканаречен „балон“ и соодветно слабеење на надворешниот дел на гумата. Потрошени гуми исто така можат да придонесат за проблеми на патот. Затоа навреме проверете ги и сменете ги доколку е потребно.

Управувачка решетка

Излегувањето од строј на овој јазол може да се должи на ослабени врски, на стари чаури, оштетување на гумениот дел и влегување на кал во подвижниот дел, како и многу други фактори. Најопасната работа што може да се случи за време на движењето на автомобилот е воланот да остане неподвижен во одредена положба.

Инсталација на гориво

Истурање на гориво во моторниот простор може да допринесе за пожар за време на движењето. Инсталацијата и нивните спојки мора редовно да се проверуват, а тоа е една од работите кои најмногу се занемаруваат при периодичните прегледи и од страна на мајсторите и од возачите.

Пет смртоносно опасни дефекти на автомобилите