Девојката и кога е во врска мора да остане силна и своја. Пет навики од кои девојките не треба да се откажат поради момчето
- Излегување со пријателките
Не е здраво да се поминува секој слободен момент со момчето. Пријателките биле за тебе и пред него, забавата била одлична и тој никогаш нема да може да ги замени нив. Затоа треба да научите паметно да го планирате времето и никој да не биде запоставен.
- Вежбање
Ако пред врската трипати неделно сте оделе во фитнес-центар и сега треба да продолжите. Тоа важи за сите хобии, бидејќи тие ве прават среќна.
- Самостојно одлучување
И покрај тоа што сте во врска некои одлуки дефинитивно треба да ги донесувате заедно, пред се тие што се однесуваат на вашиот однос и врската. Но, одлуките кои се однесуваат на кариерата и како да се облечите, треба сами да ги носите.
- Промена на изгледот
Ако сте сакале да ја смените фризурата, направете го тоа. Можеби тој ја сака вашата долга коса, но ако сакате промена треба да мислите на себе.
- Ноќ со омилената серија
Тоа што не сакате да излезете и сакате да бидете сама, со чаша вино и омилената серија е сосема нормално и тој треба тоа да го разбере. Тоа е компромис и е еден од темелите на здрава врска.



















