Парфемот се нанесува на одредени делови на телото, но не и на овие

275

Нанесувањето на парфемите е еден од омилените ритуали на жените, особено кога се работи за нивниот омилен мирис.

Но, колку и да се чини невозможно, може да се погреши и да се претера со парфемите.

Затоа, на овие делови од телото никогаш не ставајте парфем, колку и да ви изгледа тоа логично:

Коса

Косата природно апсорбира мириси па затоа на многумина им изгледа како добра идеја да распрскаат парфем врз нејзе. Но, ова треба да се избегнува, особено со парфемите врз база на алкохол. Наместо тоа, прснете еднаш врз четката за коса и исчешлајте се.

Дланки

Логично е да нанесете парфем на зглобовите на раката, но избегнувајте да го ставате на дланките. Најпрво, може сериозно да ви ја исуши кожата, а може да се случи и да ги протриете очите и да предизвикате сериозна иритација.

Пазуви

Под пазувите нанесувајте само дезодоранс или антиперспирант. Парфемот во допир со потните жлезди може да направи иритација на кожата.

Гениталии

Никако не ставајте парфем во интимното подрачје, дури ни ако е наменет за тоа. Последиците може да бидат многубројни, од непријатно пецкање па до инфекција со исцедок.

Не заборавајте!

Парфемот се нанесува на пулсирачките точки како што се зглобовите, вратот и зад коленото. Најефикасно е ставањето парфем на вратот, во делот зад ушите.