„Оживејте“ ги домашните растенија со помош на овој трик

1540

Една жена го откри овој одличен трик со чија помош можете да ги „оживеете“ домашните растенија кои малку се исушиле и започнале да венеат.

Понекогаш не е доволно само да ги полевате растенијата, но една едноставна состојка може да ви помогне побрзо да ги „подигнете“.

Мешавината на вода и горка сол (епсом сол) со која ќе го „истуширате“ цвеќето ќе го направи посреќно, напиша една Австралијанка покрај фотографијата од своето цвеќе кое го оживеала со овој трик.

Горката сол или епсом сол која може да ја купите во аптека е богата со магнезиум сулфат, кој го поттикнува производството на хлорофил, додека топлата вода ги убива штетниците во земјата.

Кога растенијата ќе дехидрираат, листовите започнуваат да овенуваат, да се сушат и да опаѓаат. Водата е инаку дел од структурата на растенијата и помага тие да бидат исправени и здрави. Полевањето секако ќе им помогне, но горката сол ќе ги збогати со магнезиум сулфат.

Магнезиумот сулфат му помага на семето подобро да изрти, растението да биде погусто, да има повеќе цветови, го поттикнува производството на хлорофил и ги уништува штетниците.

Препораката е инаку на 3,7 литри вода да ставите две лажици горка сол и со оваа мешавина да ги прскате растенијата по листовите еднаш месечно.