Овие работи никогаш не се случуваат во реалниот живот, туку само во ТВ сериите

75

Во филмовите и сериите, ние често гледаме работи што никогаш нема да се случат во реалниот живот.

Тимот од BuzzFeed објави список на работи за кои тв сериите постојано не лажат.

1. Група возрасни пријатели постојано се дружат иако нивниот бизнис и приватниот живот се различни.

2. Средношколци кои никогаш не се грижат за своите училишни обврски секогаш се запишуваат во најдобрите колеџи.

3. Кога ќе се случи нешто непредвидено на венчавката на многу „захтевната“ невеста, тоа воопшто не ѝ пречи.

4. Бебињата никогаш не плачат.

5. Луѓето секогаш порачуваат пиво, но никогаш не кажуваат кое пиво сакаат.

6. Децата решаваат сериозни злосторства во нивниот град и скоро секогаш го фаќаат сторителот пред полицијата.

7. Семејствата кои имаат проблеми со пари сè уште живеат прилично луксузно.

8. Луѓето пијат цел ден и никогаш не изгледаат пијани.

9. Без разлика колку е популарна локацијата на која пристигнуваат, ликовите секогаш наоѓаат идеално место за паркирање.

10. Луѓето постојано ненајавено упаѓаат во куќите и становите на нивните пријатели.

11. Кога некој е во болница, сите негови пријатели веднаш се појавуваат и остануваат будни цел ден.

12. Секој носи чевли во својот дом.

13. Кога ќе се налутат вработените едноставно даваат отказ, а немаат план Б.