Како стресот поврзан со паричните средства влијае врз жените

279

Парите се многу осетлива категорија, која го допира секој дел од нашиот живот. Покрај ова, проблемите со парите автоматски се поврзани и со стресот како и социјалниот срам со којшто можеме да се соочиме поради чувството дека нешто немаме или не можеме да си дозволиме.

Согласно истражувањата, жените се повеќе загрижени за парите отколку мажите, односно 67% од испитуваните жени сѐ повеќе размислуваат на проблемите со парите, додека кај спротивниот пол само 57% од испитаната публика го искажала истиот став. Истото се однесува и на штедењето за годините што ни претстојат.

Сепак она што најмногу не интересира е како стресот е поврзан со парите.

Постојат повеќе начини на којшто стресот е тесно поврзан со парите. Прочитајте нешто повеќе за тоа во следните точки:

Нездрави однесувања

Сите ние имаме нездрави однесувања кои ги практикуваме додека сме под стрес. На пример, кај некои луѓе се одразува со јадење на чоколади, кај други со гладување и сл. Стресот поврзан со парите не е добар и секое однесување кое произлегува од тоа може да не доведе до однесувања кои не треба да ги практикуваме.

Недостаток на грижа за себе си

Кога луѓето се под стрес, најчесто избегнуваат да прават работи кои ги правеле среќни. Под ова се подразбира, здрава исхрана, вежбање, добар сон и сл. Проблемите поврани со парите може да не доведат до тоа да престанеме да се грижиме за себе си на било каков начин со целосно губење на волјата за живот во периодот додека се соочуваме со проблемот.

Депресија и недоволна самодоверба

Проблемите со парите и долговите влијаат на менталното здравје и самодовербата. Многу е тешко да не се чувствувате како губитник во ситуации кога должите некому определена сума на пари, особено во моменти кога незнаете како да ги вратите парите. Многу луѓе раскажувајќи ги своите приказни кои се поврзани со долгови и начинот на справување со нив, се со цел да истакнат дека постои тесна поврзаност помеѓу ваков тип на проблеми со менталното здравје.

Инсомниа

Без разлика каков и да проблем имате во животот тоа секогаш резултира со губењето на добриот и квалитетен сон. Кога сме под стрес едноствно имаме проблем со спиењето, а недостатокот на спиење не доведува да се чувствуваме повеќе стрес.

Болести

Кога стресот е присутен некое време во вашиот живот, знае многу често да резултира со влошување на вашето здравје. Најчести типови на влошувањ се: анксиозност, депресија, дигестивни проблеми, главоболки, срцеви проблеми, здебелување, проблеми со сон и сл.

Проблеми во врската

Истражувањата покажале дека најголемиот непријател на врските се токму паричните проблеми кој ги сносува некој од партнерите. Ова може да се случи во романтични и платонски врски, во зависно од ситуацијата. Согласно последните истражувања дури 21 % од разведените парови кажуваат дека главната причина за развод биле токму проблемите со парите. Меѓутоа ова не се однесува само на луѓето кои не заработувале доволно, туку и на оние луѓе кои остваруваат и големи заработки во текот на годината, бидејќи повеќе пари носат повеќе проблеми.

Она што можеме да заклучиме е дека стресот не неизбежен дел од нашиот живот, но мора да најдеме начин како да се справиме со него и да го сведеме на најниско ниво, и нормално да не дозволиме да навлезе во сите сегменти во нашиот живот. Најважното од се е секогаш да бидеме успешни во справувањето на соодносот на парите што ги заработуваме со нашите трошоци и желби.