Скорпија
Скорпиите ќе бидат доста активни во создавањето нови пријателства, но и во остварувањето важни контакти кои можат да бидат пресудни за успех на работа. Вашата способност отворено да прифаќате нови познанства сега ќе биде уште повредна, бидејќи не знаете кој може да се покаже корисен во деловна смисла.
Добри резултати постигнувате во многу области, особено на работа, каде што се очекува да напредувате.
На романтичен план, постои рамнотежа и хармонија. Оние кои се во врска ќе се најдат во малку побурен период, но се ќе заврши во хармонија.



















