Совети за одгледување деца можете да пронајдете во различни места и во многу книги кои се базираат на конкретни истражувања.
Кога сите заедно ќе ги сумираме, можеме да видиме неколку конкретни чекори кои упорно се повторуваат и истакнуваат како важни насоки кога станува збор за начинот на одгледување на среќно дете.
-
Работете на себе
Многумина тоа го игнорираат, па токму затоа на прво место ќе ја ставиме работата на себе. Ако сакате да подигнете среќно дете и вие треба да бидете среќен, што значи дека треба да пронајдете време за своето хоби и активности кои се само на ваше задоволство или страст.
Животната рамнотежа е исклучително важна. Прилагодената кариера и семејството, како и времето за себе, ќе помогнат во намалување на стресот и ќе овозможат да имате порелаксиран пристап кон децата и воспитување кое се темели на подобра комуникација и здрав однос.
-
Дозволете им да бидат свои
Сигурно сте слушнале за поимот мајка хеликоптер, која има премногу стравови во врска со своите деца и секогаш внимава на секој нивен потег. Наместо тоа, овозможете му на вашето дете да биде дете. Тоа има своја автономија односно волја – па дозволете му да ја покаже.
Овозможете му на детето само да избере што ќе носи, со кого ќе се дружи, на кои воннаставни активности ќе оди … На тој начин ќе му помогнете на вашето дете да развие доверба во себе, да изгради самодоверба и да се научи на одговорности.
-
Комуникација, комуникација и комуникација
Колку дневно поминувате во кругот на семејството, зборувајќи за луѓето, настаните и идеите кои го одбележале денот? За жал, многумина на тоа прашање ќе имаат незадоволителен одговор.
Наместо повеќето комуникации да се сведуваат на критики, приговарања и предупредувања – обидете се да му овозможите на вашето дете повеќе да зборува и да го изрази своето мислење за настаните во врска со семејството. Вклучете ги во секојдневното донесување одлуки со цел да се чувствуваат колку што е можно повеќе рамноправни.
-
Овозможете му на вашето дете да биде дел од заедницата
Некои истражувања покажале дека религиозните семејства се посреќни и тоа само затоа што се дел од поголема заедница која е полна со поддршка и со кои имаат слични интереси и животни вредности.
Децата се најранливите членови на општеството, па им е потребна поддршка од поширокото семејство и од пријателите. Овозможете му на детето да биде дел од заедницата. Организирајте семејни ручеци, скара за пријатели во природа, посета на фарма со пријателите од училиште или детската градинка. Важно е дека тие се чувствуваат дека некаде припаѓаат и дека тие сигурни тука каде што се.



















