Ова се најздравите деца на планетата | Немаат алергии, бактерии, а вирусите бегаат од нив!

1766

Малку нечистотија никогаш никому не наштетила

Педијатарот Maria Júlia Carvalho се согласува со Louv и инсистира на тоа дека децата мора да бидат во контакт со микроорганизмите кои се наоѓаат во почвата и тревата, за да може нивниот имунитет да се развие правилно. Чистењето по дете после игра во кал може да биде напорно, но мора да се потрудите да најдете средина, бидејќи овие нехигиенски игри се од суштинско значење за вашето дете.

Кога ќе се зајакне имунитетот на овој начин, во иднина детето ќе биде поотпорно на болести и алергии. Покрај тоа, Louv вели дека игрите во природата ја стимулираат креативноста, го минимизираат стресот и депресијата, и овозможуваат подобар когнитивен развој.

Истото важи и за животните! Студијата објавена во рецензираното списание за алергија и клиничка имунологија покажала дека децата кои живеат и растат со животни како кучиња и мачки уште од рана возраст, со помала веројатност развиваат алергии затоа што овие деца живеат меѓу ендотоксини, еден вид бактерии што се наоѓаат во прашината и околината. А кои помагаат во зајакнувањето на имунитетот.

Едноставно – така функционира имунитетот

Имунитетот е она што го штити човекот од надворешни „напаѓачи“, како што се микроби и бактерии, кои се закана за здравјето. Ова успешно се извршува со откривање на супстанции кои можат да предизвикаат болест и инфекција, а потоа следи борба против нив.

Но, за борбата да биде успешна, имунитетот мора да се навикне на микроорганизмите од надворешната средина. Како што децата растат, тие стануваат поотпорни на одредени микроби затоа што веќе биле изложени и нивниот имунитет веќе „го познава непријателот“ и „тактиката“ како да го нападнат.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 3