Исчезна „Кралицата“ Мерлин гавран-чувар на лондонската кула. Се претпоставува дека починала, пишува Би-Би-Си. Забележано е дека Мерлин, кој со јато гаврани дошла на London Tover Gard во 2007 година, ја нема неколку недели.
Легендата вели дека Лондонската кула треба да ја чуваат шест гаврани постојано, и ако некогаш ја напуштат стражата, кралството ќе падне. До неодамна ја чуваа седум гаврани – женки и мажјаци.
Мерлин ја нема веќе подолго време, што, „за жал, може да значи дека починала“, изјави портпарол на Тауер, додавајќи дека несомнено била кралица меѓу гавраните кои ја чувале лондонската кула. Менаџментот потврди дека не планира веднаш да побара замена за Мерлин.
Кристофер Скаифе, кој е задолжен да се грижи за гавраните на Лондонската кула, ќе жали за Мерлин некое време пред да донесе нова птица во стадото, пишуваат локалните медиуми.
„Знам дека многумина беа тажни од оваа вест”, напиша Скаифе на социјалните мрежи. „Но, никој не е потажен од мене, така што нема да бидам тука неколку дена”. Се верува дека Чарлс Втори (1630-1685) издаде декрет со кој се одлучува Лондонската кула да ја чуваат гаврани. Во минатиот век, кога во јатото останал само еден гавран, Винстон Черчил наредил најмалку шест птици постојано да се во кулата.
Лондонската кула започнала програма за размножување гаврани во 2018 година, откако Фондацијата за историски кралски палати, задолжена за згрижување на дел од кралските згради, објави дека станало „исклучително тешко“ да се најдат овие птици во Велика Британија.



















