Мудроста не е само знаење, искуство и проникливост- тоа е пред сѐ внатрешно спокојство, кое не го засенува разумот.
Стекнувањето мудрост е големо достигнување со кое не може секој да се пофали, дури ни во зрела возраст.
Астролозите долго ги анализирале особините на хороскопските знаци и решиле да кажат кај кои од нив мудроста ќе дојде со годините.
Јарец
Сериозност, смиреност и проникливост, се карактерни особини и доблести кои од жените родени во знакот Јарец прават најмудри представнички на поубавиот пол. Тие се воздржани, секогаш постапуваат совесно и знаат да носат вистински одлуки.
Своите кариери и врски жените Јарци никогаш не ги градат набрзина. Тие смирено ги прифаќаат подароците од судбината и на крај го добиваат сѐ она што го сакаат.
Водолија
Жената Водилија не е само фасцинантна, туку поседува и природна мудрост. Представничките на овој хороскопски знак имаат свои ставови, но никогаш не ги наметнуваат и не сметаат дека секогаш се во право. Водолиите не се расправаат за ситници. Никогаш не се обидуваат да го сменат својот партнер. Во животот сѐ прифаќаат онака како што е.
Продолжува на страна 2



















