Ова растение се грижи за вашето здравје

135

Има многу долга историја на употреба, а особено е користена при лекување на состојбите кои подразбираат појава на грчеви, многу болни грчеви, парализа и ревматски болки.

Билката содржи сапонини како и салицилати, кои претставуваат главна состојка на аспиринот и делуваат на смирувањето на воспаленијата и против грозницата.

Оваа пролетна билка помага во циркулацијата на крвта и ја отстранува несвестицата. Го олеснува искашлувањето, го чува срцето кое е изморено од честото кашлање при бронхитис, големата кашлица, воспалението на белите дробови, како и во сите случаи кога срцето е во опасност да ослаби.

Народната медицина ги користи цветовите од јагликата и за лекување на бубрежните и уринарните проблеми, реумата (долготрајното пиење на чајот ги намалува и болките во зглобовите), гихт, слаби нерви (и пратечките манифестации како што се немирот, тешкотиите, нервозата итн…), потоа мигрената и главоболката.

Коренот се користи и при проблеми со срцето (лупање, слабо срце), стрес, несоница (покрај цветовите од јагликата можат да се додадат и цветови од лаванда, кантарион и шишарки од хмељ), како и за лекување на разни нервни тешкотии.

Во официјалната медицина коренот од јаглика се користи при бронхитис, катар (воспаление на слузокожата на дишните патишта), а исто така и кај кашлицата и настинката.