Останало ЗА УМ – не одете во длабокото оти…

1699

Некоја жена, која била царица, три години предела конец и заминала со чамец на сред езерото за да ја измери неговата длабочина.

Но, наеднаш мирното и тивко езеро како да сакало да ја одврати во намерата, та се разбеснило и разбранило со бранови високи како планини кои се заканувале да го превртат и потопат чамецот на царицата и нејзината придружба.

Царицата се уплашила и паднала на коленици да се моли на Бога да ја избави од разулавеното езеро, ветувајќи дека ќе изгради манастир на местото на кое што ќе ја избави од езерото.

Штом го дала тоа ветување, брановите започнале да се намалуваат и езерото да се смирува, со што жената довеслала до брегот, каде рекла „Е уште еднаш ЗА УМ нека ми биде ова, што ми требаше да го мерам езерото“ и дала заповед на тоа место да се изгради еден манастир кој го нарекла Заум, поради големиот страв што го преживеала така да го гледа и да памети оти ќе се удавела.?✝️

Преданието вели, дека манастирот стои на брегот под стрмните карпи кај најдлабокиот дел од езерото „за ум“ на секој човек што ќе оди таму да се чува и да не влегува во него.?

Така раскажал народот, а запишал Марко Цепенков…✍️ ??

? Црквата„Света Богородица“ – Заумска се наоѓа на источниот брег од Охридското Езеро, во непосредна близина на селото Трпејца❗️
? Изградена е во 1299 година, а фрескоживописот е насликан во 1361 година од ќесарот Гргур за време на деволскиот епископ Григорие❗️
? Претставува една од најстарите и најдобро зачувани средновековни црковни градби во Македонија❗️
? До црквата се стигнува само по воден пат со чамец❗️

Соња Митриновска-Боева