Точно пред 55 година, на 5 март 1965 година советскиот космонаут Алексеј Леонов го изврши првото излегување во човечката историја надвор од вселенскиот брод и се запишаа првите откритија за престојот и движење во Космос.
Космонаут Леонов се сеќава: “Баравме и дојдовме до некои грешки кои можеше да се избегнат, а тие можеа да доведат до трагедија. Сè стана на границата на возможното. На Земјата и сега нема можност да се доживеат услови на длабок вакуум, во скафандер како во вселената. “Тестот е крајно ризичен .
Во отворена вселена можеа да се случат многу нешта. И од самиот почеток не тргна на добро. Прво “космонаути беа речиси на двојно повисока орбита – 495 километри наместо 200 км. пониско. Тие летале само 5 км. пониско од радијациско појас, каде тможело да бидат смртоносно озрачени. Кога облекол скафандер, од Центарот еден час не му дозволувале да излезе. Дозволата му ја дал лично Гагарин.
Обвиен во апсолутна тишина, во која го слушнал здив и ударите на срцето. Тоа прво излегување Леонов го апаметил засекогаш. Главната задача била да се утврди дали скафандерот може да го заштити човекот. При враќање во вселенскиот брод скафандърот одеднаш се пнадувал дотаму дека Леонов не можел да помине низ портата.
Тогаш тој ги прекршил сите инструкции и го намалил брзо притисокот во скафандерот и влегол во бродот не со нозе, туку со главата напред., само за да се врати во бродот. Тестирање во живо е опасна работа . Сето тоа сепак било запишано и сите информации се донесени на земјата.
Ова овозможило инженерите постепено да развијат посовршени скафандери, со кои може да се работи надвор од бродот 8-10 часа , и подобривање на опремата на космонаутите.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















