Новата 3Д метода би можела да им помогне на жените кои боледуваат од рак на јаници или предвреме влегле во менопауза да станат мајки.
ИВФ технологијата им помогна на двојките ширум светот да добијат деца, а сега е развиен целосно нов метод, што исто така, ги зголемува шансите за добивање на бебе. Станува збор за 3Д „принтани јајници“ . Можеби ова звучи како научна фантастика, но технологијата веќе е тестирана на женките глувци, објави „Њусвик“.
Во студијата објавена во текот на месецот се наведува дека глувците со вградените 3Д „принтани“ јајници на свет донеле здраво глувче, како да имале нормален хормонален циклус, така тие можеле да се грижат за потомството, и да ги дојат.
Истражувачите кои работеле на овој проект тврдат дека технологијата може да се искористи за лекување на неплодноста. „Направениот“ јајник само се „вметнува“ наместо оштетениот, а се прави од желатин кој не е штететн за организмот. Кога ќе се испринта јајникот во него се ставаат клетки кои произведуваат естроген и јајце клетки од човековите клетки.
Истражувачите сега планираат технологијата да ја тестираат и на свињите.
Досега со 3Д технологијата инспритани се екстремитети, уши, коски и многу други делови од телото.



















