Никола Тесла и мистеријата на броевите 3, 6, 9

3295

Некои овие модели ги нарекуваат “Божји план”

Математиката, по таа аналогија, би била дигитален отпечаток од Бога. (при што не се мисли стриктно на религијата).

Постои една нова популарна дисциплина, наречена вортекс математика. Всушност, таа тргнува од фактот дека мора да има рамнотежа во сите работи, спротивности, поларитети, јин и јанг, како и од фактот дека сè има циклус.

Броевите имаат поларитети, како што се на пример, броевите 1 и 8 кои претставуваат спротивности.

Поточно, во вортекс математиката постои еден модел кој се повторува 1, 2, 4, 8, 7 и 5, и така натаму 1, 2, 4, 8, 7, 5, 1, 2, 4, 8, 7, 5, 1, 2, 4, …

Како што можете да видите, 3, 6 и 9 не се во овој модел. Научникот Марко Родин верува дека тие бројки претставуваат еден вектор од третата до четвртата димензија која ја нарекува “поле на текот”. Се претпоставува дека ова поле е супериорната димензионална енергија која влијае на енергетскиот круг од другите шест точки.

Ренди Пауел, студент на Марко Родин вели дека ова е тајниот клуч за слободна енергија, нешто што сите знаеме дека Тесла го тврдел.

Да почнеме со број 1. Ако го дуплираме, ќе добиеме 2. Понатаму, ако го удвоиме бројот 2, ќе добиеме 4; 4 x 2 = 8; 8 x 2 = 16, итн …

Ајде да примениме поинаква стратегија. Ако собереме 1 и 6, ќе добиеме 7; понатаму, да го земеме бројот 32, и ја примениме и првата и втората метода. 32 двојно со 2 е 64, а ако, пак, ги собереме тие 2 бројки 3 + 2, ќе добиеме 5. Исто така, можеме да го удвоиме бројот 7 и да добиеме 14; 1 + 4 = 5; ако го удвоиме бројот 5, резултатот ќе биде 10, а збирот од двете бројки е 1 + 0 = 1; Ако продолжиме, ќе го следиме истиот модел: 1, 2, 4, 8, 7, 5, 1, 2, …

Продолжува на страна 4