Величенственоста на бројот 9

Броевите 3 и 6 се управувани со бројот 9 што покажува нешто спектакуларно.
Всушност, гледајќи во моделот на броевите 3 и 6, ќе сфатите дека збирот на овие два броја 3 и 6 прави 9; понатаму збирот од 6 и 3 е еднаков на 9; сите броеви заедно се еднакви на 9, освен 3 и 6.
Значи, девет го означува единството на двете страни. Затоа, Тесла дошол до заклучок дека бројот 9 е самиот универзум.
Вибрациите, енергијата и фреквенцијата ги претставуваат токму тие броеви – 3, 6 и 9!
“Ако сакате да ги пронајдете тајните на универзумот, размислувајте во смисла на енергијата, фреквенцијата и вибрациите.” – изјавил Никола Тесла затоа што, наводно, постои подлабока филозофска вистина во ова!
Замислете што би можеле да постигнеме ако се примени ова свето знаење во секојдневната наука …
Важно е да се разбере дека Тесла не е обичен технолог на електротехниката, туку голем визионер и мислител на една цивилизација, која сѐ уште не е реализирана. Неговите главни идеи за кои тој веќе тогаш имал прототехнички решенија, и, исто така, извршил основни експерименти и мерења, всушност, сѐ уште ѝ припаѓаат на иднината.
И, конечно просудете сами, дали Никола Тесла бил човек кој бил суеверен или имал опсесивно-компулсивно нарушување, како што многумина сметале, или неговата теорија во целост има смисла …


















