Проблемот е што на овие глечери би можело да им требаат децении за да се стопат и исчезнат, а во меѓувреме би можеле да предизвикаат сериозни проблеми во океаните.
Британските научници внимателно следат две откинати “парчиња” мраз, за кои се смета дека се меѓу најголемите во светот. Имено, откако се разделија од Антарктикот, тие се на радарот на научниците бидејќи поради големината и траекторијата може да го попречат поморскиот сообраќај, но и да влијаат на миграцијата на дивите животни.
Станува збор за замрзнатата плоча А81, за кој се проценува дека е со големина на Лондон и А76а, која е само малку помала од Истра (полуостов во Хрватска), иако е долга и тенка.

Проблемот е што на овие ледењаци би им требало децении за да се стопат и исчезнат, но во меѓувреме би можеле да предизвикаат сериозни проблеми во океаните.
Колку е голем А76а, можеби најдобро опишува океанографот Geraint Tarling, кој бил на Royal Research Ship Discovery во Weddell Sea, South Atlantic.
Ни го попречи патот и ни требаа 24 часа да го заобиколиме, изјави тој за BBC, додавајќи: Собравме вода околу глечерот користејќи специјални цевки под бродот, така што имам многу примероци за проучување.
Ваквите големи замрзнати санти мраз имаат значително влијание врз светските мориња. Како што се топат, се ослободуваат огромни количини свежа вода, што го менува нивото на соленоста на океанот, што пак може да го загрози животот на некои организми. Покрај тоа, со топењето на мразот се ослободува и минерална прашина која била заробена во мразот, што значи дека дополнителни количини на хранливи материи влегуваат во океаните.
Замрзнатата плоча А76а се одвоила од ледената покривка Filchner-Ronne во мај 2021 година, но сега, носена од струи и ветрови, патува на север кон Фокландите. Научниците се загрижени дека може да се доближи до брегот и да се заглави во плитки води. Ова може да доведе до распаѓање на помали ледени брегови што би го загрозило движењето на бродовите во областа.

Другата ледена плоча, А81, се одвоила од ледената покривка Brunt на крајот на јануари. Научниците очекувале да се одвои уште порано, а сега проценуваат дека, носена од морските струи, би можела да го следи истиот пат како и А76а.

Иако овие две плочи се со импресивни димензии, сепак се мали во споредба со најголемата замрзната плоча во светот – А23а. Таа е со површина од околу 4.000 квадратни километри, а е одвоена од ледената покривка Filchner-Ronne во 1986 година. Со децении пловела по морињата како „леден остров“ за на крајот да се „закотви“ во југоцентралното Weddell Sea, South Atlantic.



















