Пластиката што ја користиме ги загрижува научниците со години. Топената пластика се испреплела со камењата на островот на повеќе од илјада километри од бразилската држава Espirito Santo.
На островот Ilha da Trindade, кој се наоѓа на повеќе од 1.000 километри од бразилската држава Espirito Santo, има толку многу пластика што се испреплела со карпите.
Направивме хемиска анализа за да го откриеме типот на пластиката. Потоа ги обработивме овие примероци како да се природна карпа, користејќи ги истите методи. Потоа ги погледнавме на макро и микро начин и ги опишавме како карпи. Ова е ново и во исто време застрашувачко, изјави Fernanda Avelar Santos, геолог од University of Parana.

Откритието беше предизвик за истражувачите бидејќи тие се навикнати на класичните дефиниции за секој тип на класична карпа, но овие не се вклопувале во ниту една голема група.
Утврдивме дека загадувањето главно доаѓа од рибарските мрежи, што е многу вообичаен отпад на плажите на островот Ilha da Trindade. Тие се влечат од морските струи и се акумулираат на плажата. Кога температурата се зголемува, оваа пластика се топи и се вградува во природниот материјал на плажата, објасни Santos.

Таа е особено загрижена за влијанието врз живиот свет. Тоа е заштитено подрачје во Бразил. Во близина е место каде зелените желки ги несат јајцата. Има и ендемични видови риби, корални гребени, морски птици и заштитени видови ракови. Ова откритие, тврдат научниците, покренува прашања за човечкото наследство на земјата.
Bonus video



















