Најголемите грешка што ги прават родителите на машки деца

542

Иако живееме во 21 век, сѐ е уште е длабоко вкоренето верувањето дека машките деца уште од мали треба да се воспитуваат да бидат силни.

Тоа не важи само за Балканот, туку и за целиот свет.

Имено, се мисли дека синовите не треба толку да се милуваат и од нив се очекува да бидат силни, да не плачат и да бидат борбени. Сепак, науката не се согласува со ова мислење.

Неодамнешните истражувања откриле дека момчињата во првите години од својот живот треба да бидат третирани со повеќе нежност и сочувство од девојчињата.

Па, зошто е толку тешко да се воспитуваат машките деца?

Познатиот невропсихолог Алан Шор спровел истражување во кое докажал дека десната хемисфера на мозокот се развива побавно кај момчињата одошто кај девојчињата. Што значи ова? Најпросто кажано, момчињата се помалку чувствителни на звуците и на луѓето кои ги опкружуваат, што може да ги направи понапорни и „потешки“ за воспитување.

Потешко им е да се справуваат со стресот, бидејќи не се толку отпорни на невропсихолошките нарушувања кои се манифестираат во раното детство, како што се недостатокот на внимание, аутизмот и други.

Поради тоа, момчињата кои имаат построги мајки и кои уште од мали ги воспитуваат со цврста рака, без многу емоции, стануваат поанксиозни што влијае на формирањето невронски врски во мозокот кои се одговорни за самоконтролата и социјализацијата.

Решение за тоа е нежната и силна врска помеѓу синот и мајката, заснована на разбирање и исполнување на детските потреби за љубов и блискост. Тоа има огромно влијание на развојот на мозокот токму во првата година од животот.

Во продолжение прочитајте ги и 4-те совети што Алан Шор им ги дава на родителите:

Продолжува на страна 2