Во продолжение прочитајте ги и 4-те совети што Алан Шор им ги дава на родителите:
1. Не ги разделувајте синовите од мајките по раѓањето. Одвојувањето од мајката веднаш по породувањето предизвикува огромен стрес кај сите деца, но за момчињата тоа е од голема важност, бидејќи кај нив се забележува ненадеен пораст на стрес хормонот, кортизол. Ако бидат подолго време разделени од мајките, високото ниво на стрес се одржува некое време, а тоа има сериозно влијание на мозочниот развој и здравјето на детето.
2. Поминете го целото породилно отсуство со синот или бидете постојано со него барем до првиот роденден. Во тој период момчињата се најранливи.
3. Не бидете строги со нив, особено во првата година од животот. Одбегнувајте ги стресните ситуации и бидете трпеливи со нив, бидејќи тие многу добро ги забележуваат негативните емоции. Не им забранувајте да плачат и немојте да ги засрамувате поради тоа. Не оставајте ги сами кога се расплакани, дури и самите да се криви за тоа. Тие тогаш страдаат и им треба потврда дека заслужуваат љубов. Токму затоа, треба многу често да ги гушкате, милувате и бакнувате.
4. Надворешните отрови, како што е фенолот, имаат многу штетно влијание на малите момчиња. Тие можат да предизвикаат сериозни проблеми токму во развојот на десната хемисфера. Мора да внимавате на сите работи што ги опкружуваат вашите деца.


















