Научниците развивиле пајажина која може да издржи пад на авион

2377

Истражувачите од италијанскиот универзитет во Тренто имаат развиено посебна технологија за јакнење на пајажината. Во иднина таа ќе им овозможи да бидат создадени материјали кои ќе можат да ја издржат тежината на авион, соопшти Скај њуз.

Од досегашните тестирања, извршени од страна на тим истражувачи на пајаци од фамилијата Araneidae (пајаци кои плетат кружни пајажини кои се меѓу најдолгорочните природни материјали), е добиена пајажина која е 3,5 пати посилна од обичната.

Научниците се надеваат доколку може да се произведува во голема мера, ќе се стартува со производство на хибриден материјал, кој ќе биде толку силен што ќе може да задржи пад на авион.

Според податоците, експериментот со пајаците не бил целосно успешен. Некои од нивне плетеле пајажина силна колку што очекувале, а четири од нив умреле.

Се очекува во иднина технологијата да биде тестирана и кaј свилените буби.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.