Најтврдоглави симптоми | Се задржуваат и до една година по заболување од Ковид | Едниот е поврзан со срцето и воопшто не е безопасен

1466

Студијата покажа дека жените почесто пријавуваат замор, мускулна слабост, вознемиреност, депресија и оштетување на белите дробови.

Една студија објавена во „Лансет“ откри дека скоро половина од хоспитализираните пациенти кои имале „Ковид-19“ имале барем еден долгорочен симптом, со недостаток на здив и замор кој трае до една година. Студијата открила дека двата симптоми кои траеле најдолго се отежнато дишење и оштетување на белите дробови, а овие симптоми ги има секој трет човек.

Студијата има опфатено 1.276 пациенти од Wuhan, а се покажа дека повеќето од симптомите на коронавирус се повлекле во рок од една година.

„Иако повеќето од нив закрепнале добро, проблемите со срцето останале присутни кај некои пациенти, особено кај оние кои иле во критична состојба“, вели истражувачот Bin Cao. „Нашето истражување сугерира дека заздравувањето кај некои пациенти ќе потрае подолго од една година, а тоа би требало да се земе предвид при правење планови за здравствена заштита по пандемијата“, додаде тој.

Набљудувани испитаници 12 месеци

Испитаниците имале медицински прегледи шест и 12 месеци откако се појавиле првите симптоми.

Повеќето од симптомите исчезнале по некое време, без разлика колку е сериозна инфекцијата. Процентот на пациенти кои сѐ уште имаат барем еден симптом по една година се намалил од 68% за шест месеци на 49% во 12 месеци.

Пациентите често пријавиле болки во мускулите, пренесува Times of India. Една третина од пациентите пријавиле отежнато дишење по 12 месеци.

Студијата покажала дека жените почесто пријавуваат замор, мускулна слабост, вознемиреност, депресија и оштетување на белите дробови. Пациентите кои биле третирани со кортикостероиди за време на болеста имале 1,5 пати поголема веројатност да имаат мускулна слабост и замор дури и по 12 месеци во споредба со оние кои не биле третирани со кортикостероиди.