
Иако постојат многу скептици кои го отфрлаат Хороскопот, опишувајќи го како “глупост”, влијанието на астрологијата е поддржано од голем број научни докази.
Постојат податоци според кои позицијата на планетите за време на раѓањето влијае на нашата личност, но води и до значителни функционални промени во мозокот. Исто така одредува и со кој од останатите знаци во зодијакот имаме најдобра компатибилност.
Откако веќе разгледавме кои се најдобрите партнерства меѓу првите шест ѕвездени знаци , претстои да се осврнеме и на останатите шест.
Вага
Тие не ги сакаат конфликтите и осаменоста. Уживање им носат убавиот разговор и интересните луѓе, освен тоа се фасцинирани од уметноста и сето убаво.
Вагата има потреба од рамнотежа и симетрија во својот живот, за да доживее сè што ѝ се случува на најдобар можен начин. Има потреба од партнер, кој исто така да ги сака мирот и хармонијата во животот.
Најдобра сеопфатна компатибилност: Близнаци, Водолија
Најдобра компатибилност во врска: Овен
Скорпија
Скорпионите се мирни и исклучително дискретни. Родени под овој знак се одлични пријатели, бидејќи секогаш оправдуваат довербата ни. Имаат мистериозна природа и обично не изразуваат своите емоции.
Тие се инвентивни и страстни и исклучително креативни. Исто така се многу сензуални луѓе, но имаат потреба од партнер кој ќе биде трпелив со нив, бидејќи им треба време за да му се веруваат. Имаат потреба од некој интелигентен и чесен човек, кој нема да крие тајни од нив.
Најдобра сеопфатна компатибилност: Рак, Риби
Најдобра компатибилност во врска: Бик
Стрелец
Она од што имаат потреба Стрелците, е слобода и простор, и никако не сакаат некој да им кажува што да прават. Тие се љубопитни кон животот и имаат екстровертна природа. Родените под овој знак сакаат да патуваат многу, бидејќи имаат потреба од постојано движење во потрага по смислата на животот. Тие се големи филозофи и умеат да се изразуваат многу добро.
Стрелците се игриви и забавни и затоа најдобро би се чувствувале со човек кој е отворен кон животот. Тие имаат потреба од чувствителен, експресивен партнер со авантуристички дух.
Најдобра сеопфатна компатибилност: Овен, Лав
Најдобра компатибилност во врска: Близнаци
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 4


















