Пробиотици
Добрите бактерии потребни за балансот во организмот на многу нивоа, помагаат и за акни. Многу луѓе сметаат дека пробиотиците помагаат само при проблеми со дигестивниот тракт, но бидејќи тој е поврзан со сите системи во телото, кожата исто така влијае од недостаток на рамнотежа во добрите бактерии.
Најдобар природен снабдувач на пробиотици е јогуртот. Можете да го земате и во форма на додаток во исхраната.
Антиоксиданси
Антиоксидантите се борат со слободните радикали кои предизвикуваат воспаленија во ткивата, вклучувајќи ја и кожата.
Најдобрите извори на антиоксиданси се слатките компири, спанаќот, авокадото, доматите, лимони.
Селен
Селенот е многу важна супстанција за организмот која исто така се бори против слободните радикали. Комбинацијата меѓу витамин Е и селен е моќна против акни.
Најдобрите извори на селен се бразилските ореви, шунка, риба тон.



















