Stonehenge

Stonehenge е градба од неолитот и бронзата, која се наоѓа во околината на Amensbury во англиската област Wiltshire, приближно 13 километри северозападно од Salisbury.
Составен е од многу камени блокови, секој со тежина од шест тони, и кои се поставени еден до друг или еден врз друг. Археолозите заклучиле дека овој споменик датира од 2500 до 3000 година пред нашата ера и се верува дека е подигнат од некоја неолитска култура. И тоа е сѐ што се знае за него.
Неговата цел и значење сѐ уште се енигма.
Постојат многу теории, но ниту една сѐ уште нема цврсти докази. Најчесто прифатена теорија е дека Stonehenge е еден вид гробишта, што е потврдено со пронаоѓање на неколку гробови во неговата близина кои датираат од истиот период.
Продолжува на страна 3


















