Ја опишала средбата поради која верува во Bigfoot | “Повисок од 180 см и оди исправено”

257

“Она поради што е тоа толку интересно е што се работи за целосно изолирани луѓе, кои немаат идеја за модерниот феномен на bigfoot“, вели најпознатиот приматолог.

Една од најпознатите антрополози и приматолози, и секако најголемиот авторитет за шимпанзата во светот, Jane Goodall вели дека постоењето на bigfoot не треба така лесно да се отпише, а зборот на личност која ги проучува мајмуните повеќе од 40 години годините секако има тежина.

Во неодамнешното интервју за GQ Magazine, таа потсети дека повеќе пати јавно кажала дека не го исклучува постоењето на џиновски човеколикмајмун и се присети на настан што ја натера да помисли дека е можно постоењето на криптоиден хоминид.

Самите кажале дека виделе “мајмун без опашка”

По долгиот лет над прашумата, таа пристигна во мало домородно село во Еквадор. Разговарајќи со локален гласник, кој ги пренесува вестите меѓу населените места, таа го праша дали ловците од племето виделе “мајмун без опашка” за време на нивните патувања длабоко во џунглата. На нејзино изненадување, тројца ловци се пријавиле дека виделе такво суштество.

“Тие ми кажаа дека одел исправено и е повисок од 180 см”, вели, посочувајќи еден важен детал. “Она поради што е тоа толку интересно е што се работи за целосно изолирани луѓе, кои немаат идеја за модерниот феномен на bigfoot. Тие само се потсетиле на она што го виделе”, заклучува таа.