На некоја рака ЉУБОВНИЦА

950

Службените патувања некогаш биле голем предизвик. Далеку од дома, далеку од очите, сигурно и прилично безбедно за “излет” од секојдневната рутина.

Родителите понекогаш не водат грижа што зборуваат пред децата, т.е. често мислат дека децата не капираат за она што зборуваат.

Така, еднаш одамна (во основно училиште), слушнав фрагменти од разговор и сфатив дека еден од нивните пријатели имал љубовница – неговата секретарка. Често одел на некои службени патувања, но и таа со него.

Имал сопруга и две деца. Од патувањето носел подароци од free shop, неговата сопруга секогаш имала најнови парфеми, децата многу слатки кои ги немало во домашните продавници …

Службените патувања некогаш биле голем предизвик. Далеку од дома, далеку од очите, сигурно и прилично безбедно за “излет” од секојдневната рутина. Во таа тајна врска, се крие магијата на забранетото. Љубовницата во главно е привлечна жена, која може да има години како и сопругата.

Денес па, љубовницата мора да биде многу помлада од него. Тој не мора да биде ниту убав, ниту згоден, но затоа пак таа е сето тоа за него. Неа ја покажува, со неа се фали, а за некои таа има статусен симбол.

Силните истражувања покажуваат дека мажот не може да биде само со една жена. Знам многу мажи кои отсекогаш им биле лојални на своите жени, кои отворено зборуваат дека немаат потреба од промени, … тие им се инаетат на истражувањата. Резултатите од истражувањата многу често служат како алиби за оние други мажи.

Знам за случај на две другарки кои се натпреварувале која ќе има “потежок случај”. Оженет маж – еден поен, оженет со дете – два поени …

Понекогаш, поради љубовниците, браковите се распаѓале. Жената не можела да прости ниту измама, а камо ли љубовница. А денес?

Доаѓа сезона на одмори. Еден од доказите за љубовниците, колку тој се грижи за неа и тој – со кого ќе ги помине празниците. Една од моите, неколку Нови години ги чекала сама со своите деца, бидејќи нејзиниот сопруг имал бизнис дочек со странски партнери – отворање нова канцеларија токму на 1-ви јануари …

Љубовницата е опасна категорија. Тоа значи дека постои емоционална врска, дека се заљубен пар … Во таа смисла, швалерката е безопасна, бидејќи е чиста “потреба за промена”.

Денеска швалерацијата се нарекува комбинација, а ако таа е љубовница, тогаш тоа е “врска”.

ГОРИЦА НЕШОВИЌ, www.family.rs

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.