- Децата растат премногу брзо. Искористете го поголемиот дел од времето кое го поминувате со нив.
– Никој никогаш не умрел жалејќи се што не направил повеќе. Бидете вредни, но не ја ставајте работата пред семејството, пријателите или себе.
- Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар и срцев пациент кој имал мозочен удар – за тоа никогаш да не ви се случи.
– Можеби овој и не е толку длабокоумен како другите, но мислам дека е важен. Чистете ги забите со конец, проблемите со забите се страшни.
- Не земајте ничиј совет како наредба. Можете да побарате совет од некој што го почитувате, но потоа разгледајте ја својата ситуација и донесете своја одлука. Всушност, мојот совет е да го послушате својот совет …
– Зглобовите кои ќе ги повредите денес ќе ви се одмаздат подоцна. Дури и ако мислите дека целосно сте се опоравиле. Верувајте ми!
- Имаме само една шанса на оваа земја. Да не случајно се пробудите и сфатите дека имате 60 години без реализиран сон.
– Ценете ги малите нешта и бидете присутни во сегашен моментот. Што мислам со тоа. Па, ми се чини дека денес младите луѓе сакаат сè и веднаш. Наместо тоа, зошто да не го цениме секој мал миг? Ние нема да останеме засекогаш на оваа луда/прекрасна планета. А најголемото задоволство може да се пронајде во најздодевните активности. Наместо да испратите порака, земете го мобиолниот и повикајте некого. Повикајте ја мајка ви, зборувајте за ништо особено. Тоа се моменти кои треба да се вреднуваат.
- Плаќајте ги сметките и избегнувајте долгови. Кога би можел да си ги исплатам сите пари кои сум ги плаќал за камати во текот на сите овие години, јас би бил богат човек.
– Ако сонувате за тоа да бидете некој или да работите нешто што ви се чини невозможно, сепак обидете се. Со текот на годините, кога ќе станете одговорни за други луѓе, тоа ќе стане само уште најверојатно.
- Кога ќе запознаете некој за прв пат, застанете и сфатете дека всушност не знаете ништо за него. Ја гледате расата, полот, возраста, облеката. Заборавете на сето тоа. Не знаете ништо. Овие претпоставки се засновани на предрасудите кои ќе ви се јават во главата, поради тоа што вашиот мозок сака категории, тие го ограничуваат вашиот живот и животот на другите луѓе.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















