Луѓето кои добро раскажуваат приказни се попривлечни

120

Според истражувањето спроведено на Универзитетите во Северна Каролина и во Бафало, луѓето кои добро раскажуваат приказни се попривлечни.

Испитаниците добиле фотографии од потенцијални партнери од кои требале да проценат дали се добри раскажувачи. Потоа, им дале да прочитаат добра или лоша приказна која наводно била напишана од страна на потенцијалниот партнер.

На крајот, истражувачите се обиделе да дознаат зошто раскажувачките способности влијаеле само на женската перцепција кога станува збор за одредување кој маж би можел да им биде посериозен партнер.

Истражувачите откриле дека според жените, мажите кои добро знаат да раскажуваат приказни имаат потенцијал за сериозна врска. Раскажувачките вештини не влијаеле на машките проценувања за жените, ниту ги смениле женските мислења во однос на изборот на партнер за несериозна врска.

Мелани Грин, еден од авторите на истражувањето, објаснила дека раскажувачките вештини се поврзуваат со тоа колку еден човек е грижлив и дарежлив, што се многу важни особини за жените при изборот на потенцијален партнер.

Дури и да сте во посериозна врска, способноста да раскажувате приказни ќе ве направи попривлечни за партнерот. Како што поминува времето, ќе дојде ден кога нема да имате што да си раскажете, барем привремено.