Заедничкиот живот пред бракот влијае на развод
Многу студии покажуваат дека заедничкиот живот пред брак го намалува бројот на разводи. Ова е уште еден мит, но староста на партнерот е многу поважна од заедничкиот живот. Постои поголема веројатност дека младите жени почесто се разведуваат.
Ризик од развод во вториот брак
Технички, тоа е вистина, но многу претерана. Според истражувањата, стапката на развод во вториот брак е само три отсто поголема, отколу во првиот.
Можете да го заштитите својот брак од развод
Во врската важно е да го сакате партнерот, но од идејата дека можете да се заштитите од развод треба веднаш да се откажете. Ова е уште еден мит, затоа што не живеете со робот, туку со човек и не сте во состојба да ги контролирате постапките на партнерот.
Неверство – главна причина за развод
Само 17 отсто од разводите се предизвикани од изневерување. Изборот на погрешен брачен другар може да биде главна причина за развод. Недостигот на материјални средства исто така се смета за главна причина на конфликти кај многу двојки.


















