“Љубовниците на мојата жена” | My Wife’s Lovers

1850

Уметничкото дело “Љубовниците на сопругата“ потекнува од 1890 година и била во сопственост на Кејт Бирдсал Џонсон, која имала 350 мачки.

Бирдсал Џонсон имала вработено неколку луѓе кои се грижеле исклучиво за мачките.

Секоја од мачките си имала име.

За да ја покаже својата љубов кон мачките таа побара од австрискиoт уметник Карл Калер да наслика една голема слика од мачките. На уметникот му биле потребни 3 години за да го заврши своето дело на кое насликал „само“ 42 мачки.

aristocats

Госпоѓа Џонсон починала во 1893 година на 60 годишна возраст. На своите мачки таа им оставила наследство од 500 000 долари за да живеат пристојно.

Сликата е на аукција во организација на Сотби и се очекува да достигне цена од 200 000 фунти.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.