140 милиони луѓе ќе се раселат заради суша и поплави

122

Сушите, поплавите и порастот на морињата ќе ги загрозат животите и егзистенцијата на најсиромашните граѓани.

Повеќе од 140 милиони луѓе ќе бидат бегалци до 2050 година ако глобалното затоплување продолжи како до сега. Климатските промени ќе резултираат со масовни преселби во рамките на државите, но, исто така, и преку границите, и ќе создадат жариште во кои десетици милиони ќе “запнат” во веќе пренаселените места, објавила Светската банка.

Светската банка истражила три региони, кои сочинуваат 55 проценти од населението на земјите во развој. Во суб-сахарска Африка има 86 милиони бегалци, 40 милиони во Јужна Азија и 17 милиони во Латинска Америка.

– Миграцијата предизвикана од климатските промени веќе започнала, но сè уште не земала замав. Тоа не треба да прерасне во криза, ако сега почнеме и се соочиме со она што нѐ чека”, вели John Roome од Светската банка.

Таквите миграции ќе бидат извор на економски, социјални и политички проблеми и кризи, велат од Банката, какви и не можеме да ги замислиме.

Постојат три, вели Roome, начини на кои државите можат да се заштитат и да го ублажат неизбежното. Прво, да се намалат емисиите на стакленички гасови, второ, планот за справување со мигрантите треба да биде вклучен во плановите за регионален развој и да се инвестира во понатамошни истражувања. Луѓето брзо ќе се движат од области каде што се случила најголемата катастрофа, кон краевите каде што не е толку изразена. Важно е на локално ниво луѓето да знаат кој и како ќе обезбеди ресурси за преживување и снаоѓање на тие луѓе. Од последиците од глобалното затоплување ќе бидат загрозени десетици милиони луѓе ширум светот.

Дури и 3 проценти од вкупното население во овие три региони на земји во развој целосно ќе го сменат местото на живеење, заклучува John Roome.

Според проекциите на Банката во најлош случај ќе мигрираат околу 170 милиони луѓе, а ако повеќе ресурси и труд се вложат во превенција и забавување на климатските промени, мигранти можеби ќе има “само” 30-70 милиони. Повеќето бегалци ќе бидат сиромашни фармери зависни од обработката на земјиштето, додека на територијата на нивните поранешни домови – поради поплави или суши – земјоделството ќе биде невозможно.

Бангладеш, се предвидува, ќе го “изеде” морето кое расте (зголемувањето на нивото на океанот).

– Луѓето ќе бегаат од постојани суши, зголемени нивоа на морето или пак поплави. Ако ги намалиме емисиите на гасовите, и го ослабиме влијанието на глобалното затоплување, на тој начи спроведуваме некои механизми за справување со кризата, буквално можеме да спасиме милиони животи – рече Кристалина Георгиева, раководител на Светската банка.

Повеќе од еден милион “климатски бегалци” ќе се преселат во Европа до 2100 година.

– Светот, посебно развиениот, мора да биде подготвен за таква криза. Ќе ни требаат нови институции и многу ресурси за да не се најдеме во несобраното грозје – вели Solomon Hsiang, професор на Универзитетот Berkeley.