Испуштање на гас и надуеност
Многу луѓе не ги користат придобивките на активниот јаглен, но тој може да ви помогне доста, ако си имате работа со гасови и надуеност. Активниот јаглен се поврзува со субпродуктите во храна кои предизвикуваат гасови и непријатност. Гас и болки во стомакот се добиваат кога бактериите се распаѓаат по конзумирање на одредени видови храна, како грав. Активниот јаглен оди во дигестивниот тракт и повлекува гасните молекули кои ќе се закачат за активниот јаглен и ќе ги изведати надвор преку движењето на дебелото црево. Земете 500 милиграми активен јаглен со чаша вода еден час пред јадење на храна која предизвикува формирање на гасови. Потоа испијте дополнително уште една чаша вода, за да се помогне во апсорпцијата на активниот јаглен во организмот.
Спречување на мамурлак и третман на алкохолно труење
Активниот јаглен помага за отстранување на токсините од организмот, кои го придружуваат труење. Алкохолот вообичаено содржи вештачки засладувачи и хемикалии, но активниот јаглен отстранува овие токсини. Ако го консумирате во исто време со алкохол, активниот јаглен ја намалува концентрацијата на алкохол во крвта.
Продолжува на страна 3



















