Малите деца најмногу доверба имаат во домашните миленици

17

Децата кои се соочуваат со животни проблеми во тешките моменти бараат поддршка од миленичињата, дури почесто отколку од браќата или сестрите, покажа едно истражување.

Десетгодишното истражување, на кои работеше цел тим заедно со психијатарот, Мет Кеселс опфати стотици семејства во Велика Британија. Мет смета дека многу малку внимание се посветува на значењето на улогата на домашните миленичиња врз емоците на младите луѓе.

Истражувањето, кое го пренесе Би-Би-Си, покажа дека постои голема веројатност дека децата на разведени родители ќе живеат со домашни миленичиња, отколку со сопствениот татко. Резултатите докажаа дека две третини од децата живеат со татковците, додека четири од пет семејства со училишни деца имат домашни миленичиња.

Кеселс посебено нагласува дека луѓето не го доживуваат дружењето на домашните миленичиња и децата како длабок емотивен однос, туку како детска игра.

Спротивно на тоа децата кои се соочуваат со емотивни проблеми, како болест или развод на родители, се потпираат на домашните миленичиња, кои им претставува поддршка во тешките моменти.

– Тие деца не само што бараат поддршка од миленичињата кога се соочуваат со проблеми, туку тоа го прават и почесто отколку да побараат помош од браќата или сестрите. Тоа се случува иако знаат дека нивните домашни миленичиња не разбираат што им зборуваат, изјави психијатарот.

Ова истражување докажа дека децата развиваат поцврсти и подлабоки врски со домашните миленичиња отколку со врсниците. Посебно карактеристичен е односот на девојчињата и кучиња, кој може да поттикне посоцијално и похумано однесување кај децата, како помагање, делење и соработка.

– Миленичиња имаат и терапетски ефект, затоа што играат улога на слушател и се посочувствителни во однос на запишување на проблемите во дневник, вели Мет Кеселс.