МАЈКА БЕЖАНКА – Петре М. Андреевски

447

МАЈКА БЕЖАНКА

Зошто сета болка ми ја оставаш,
боже,
мене ми ја оставаш?
Сега ќе дојдат децата да ми ги земат,
боже,
децата да ми ги земат.
Каде да бегам, каде да ги скријам,
боже,
кажи ми ако гледаш?
Со кое дете да бегам, кое да го оставам,
боже,
кое да го оставам?
Сите се мои, сите се твои,
боже,
ниедно немам за давање!

Петре М. Андреевски

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.