Магданос против пеги и дамки на лицето | Од долапот на мојата баба

263

Од пегите и флеките на лицето можете да се ослободите и самите, со помош на магичното дејство на магдоносот.

Несовршеностите на кожа, како дамките, се појавуваат на најизложените делови од телото поради различните надворешни фактори, но и поради стареењето, кога неправилната пигментација на кожата станува сѐ повидлива.

Наместо скапи козметички препарати сега и сами можете да направите многу ефикасен природен лосион за лице од магдонос и лимон.

Потребно

  • 1 дл. сок од лимон
  • 2 лажички листови свеж магдонос
  • 1,5 дл. дестилирана вода
  • 0,5 дл. алкохол (70%)

Подготовка

  • Листовите магдонос иситнете ги и прелијте ги со дестилираната вода и алкохолот. Добро промешајте ја смесата, поклопете го садот и оставете го да отстои преку ноќта.
  • Утредента, течноста процедете ја и додајте го лимоновиот сок. Смесата сипете ја во стерилно стаклено шишенце и чувајте ја на суво и темно место.
  • Овој лосион нанесувајте го секое утро на претходно исчистена кожа на лицето и рацете.