Луѓе кои сексуално се поактивни, заработуваат повеќе пари

239

Следниот пат кога ќе планирате да ја искористите наводната главоболка како изговор за да ја прескокнете секусалната игра, размислете малку. Новите истражувања покажуваат дека е исплтливо да се биде активен во кревет.

Луѓето кои имаат сексуален однос повеќе од четири пати неделно, заработуваат повеќе од помалку активните луѓе. Во истражувањето беа вклучени 7.500 грчки домаќинства, а прашањата давале одговори на тоа колку пати неделно сексуално се активни, без оглед на тоа дали се вработени, колку пари заработуваат и колку часа неделно работат.

Ова истражување не зборува за тоа дека треба да имате повеќе секс ако сакате да имате повеќе пари, туку колку редовниот секс го зголемува нивото на самодовербата и ве прави посреќни односно поздрави. Лицата со здравствени проблеми имаат ограничена продуктивност и создаваат помалку пари.

Значи: Повеќе секс ве прави посреќени и поздрави, а здравите луѓе заработуваат повеќе пари.

Уште една врска помеѓу сексот и повисоките плати е таа дека луѓето кои заработуваат се повеќе посакувани во друштвото, и на тој начин се изложени на поголема можност за влегување во сексуални односи. Позитивен однос помеѓу секс и пари постои.