Предупредување на научниците ! Ова е втората најтопла зима во Европа од почеток на мерењата

1008

Европа ја доживеа втората најтопла зима од почетокот на евиденцијата во 1979 година, соопшти во средата службата за мониторинг на климата на ЕУ, при што условите се посуви од просекот во поголем дел од западна и југоисточна Европа, како и во руските региони.

Многу повисоки од просечните температури се измерени во Источна Европа и делови од североисточна Европа, објави Службата за климатски промени Copernicus.

Температурите се под просекот и на Пиринејскиот Полуостров.

Според извештајот, најтоплата зима од почетокот на мерењата била 2019/2020 година.

На глобално ниво, овогодинешниот февруари е петти најтопол досега, според Copernicus.

Поголемиот дел од Европа имал натпросечни температури на воздухот, особено северна Норвешка и Шведска, како и (норвешкиот регион) Свалбард (рхипелаг помеѓу норвешкото копно и Северниот пол), додаде службата на ЕУ.